Претседателката на партијата „Глас за Македонија“ реагира на нова европска „регулатива“ со која се предвидива 19 големи онлајн платформи и пребарувачи од утре да мора да се усогласат со новите правила кој има за цел да ги сузбие „нелегалните и штетни дигитални содржини“на социјалните мрежи.
„Не верував дека толку брзо ЕУ ќе стане како државата на Орвел. Озаконета цензура на сите социјални мрежи, за “неподобни“ содржини.
Без предупредување ќе тргаат содржини кои не им одат според нотите на хорот, а и ќе казнуваат.
Се разбира, сето обвиткано во обланди.
Сорос помеѓу другите, пак активен до даска.
Цензури, етикетирање, вперување на прстот кон одредени луѓе, притисоци и закани.
Но, и дебело платени вазали“, вели Грчева.
