Грчева: „ЕУ го одобри бугарското вето за Македонија – сега таа треба да си одобри дека е суверена држава!“

Универзитетската професорка и претседателка на вонпарламентарната партија „Глас за Македонија“ Солза Грчева во своја реакција, откако Европскиот Парламент вчера ја усвои резолуцијата за Македонија, повика Македонија да си ги поврати своите белези како суверена држава.

На својот фејзбук-профил Грчева напиша: „ЕУ, практично, го одобри бугарското вето за Македонија. Има зачудени после се што ни се случуваше? Tреба да плаќаат данок за наивност.“

„Сега треба Македонија да си одобри самата на себе дека е суверена држава!!! Со сите нишани од кои се откажа.“

„И аман, доста беше од понижувања.“