„По изјавата на Милков, министерот за надворешни работи на Бугарија, дека ветото ќе го користеле како ‘атомско оружје’ против Македонија и дека нивниот ‘збор секогаш ќе биде последен’, имам да изјавам неколку работи: Пукајте, бе, со тоа оружјето кон ‘братскиот’ народ!“ – реагира Солза Грчева, претседателката на вонпарламентарната партија „Глас за Македонија“ и универзитетска професорка на својот фејсбук-профил.

Во објавата Грчева натаму пишува: Ние никогаш нема да влеземе во ЕУ и затоа нашиве нека престанат нашиве да не лажат. Никакви отстапки од наша страна не се потребни кон никого.

Ваквиот Договор за добрососедство ги сотре и последните атоми на „добрососедство“. Амбасадор не се повлекува за маалска тепачка без вина на институциите.