Грчева до Груби: Ќе ве видев дали „ќе го направевте“ НАТО на грбот на Албанците и нивните национални интереси

Поранешната пратеничка Солза Грчева, претседателка на партијата Глас за Македонија, му реплицира на вицепремиерот Артан Груби дека „НАТО се направи со Али Ахмети“.

„Овие многу се занесоа. Не, Ахмети и Груби. Во НАТО нè внесоа продадени Македонци по цена на нашето име и по цена на македонскиот идентитет. Вашите гласови беа доволни само да се сликате.

Македонскиот народ не беше спремен да ја плати таа цена. Дури 63 проценти рекоа ‘не’ за НАТО и ЕУ по ваква висока цена.

А дека вие сте партнерот на, како што велиш, ‘евроамериканскиот’ фактор, во тоа нема сомнение. Нема ни сомнение дека ДУИ ја води државата со ваква слаба, уценета влада.

Ќе ве видев дали сето ова ќе го направевте на грбот на Албанците и нивните национални интереси“, му се обрати Грчева на Груби преку Фејсбук.