Грант од 45.000 евра за иновација – „ќерамички садови за трпеза“

Во низата понудени иновативни решенија за кои, преку Фондот за иновативна технологија (ФИТР), се доделувале грантови за проекти како „Изработка на нови модни колекции“ или за производство на „Путер од органски лешник“, „Изградба на хала за производство на автомобилски делови“, „Екодостава на храна со електрични возила“ и слично , се појави уште еден“:

Компанијата Хемија-Комерц ДООЕЛ од Велес, која е во сопственост на Трајче Трајков, прв братучед на градоначалникот од Велес, Ацо Коцевски, добила 2.7 милиони денари или околу 45 илјади евра за проектот ,,Сопствено производство на готови керамички маси за производство на трпезни керамички садови“, дознава порталот „Лидер.мк“.

Треба ли да се потсети дека грнчарството е стар занает во Велес…