Владата на крајот на декември поточно на 30/12 објавува официјално соопштение во кое тврди дека е направен договор со компанијата Фајзер и дека во текот на февруари ќе стигне првата пратка со првите дози на вакцината против Ковид19.
Од тогаш минаа цели два месеци а освен подарените српски вакцини нема ниту други директно набавени вакцини ниту има конкретна најава кога и колку ќе стигнат од оваа или други компании.
Ќе се извини ли владата за своето соопштение со кое граѓаните ги довело во заблуда. Одговорна влада би се извинила, би дала објаснување зошто ги довела граѓаните во заблуда и би го повлекла соопштението.