Иако пред самиот почеток на имунизацијата, министерот за здравство Венко Филипче кажа дека нема да биде проблем, луѓето кои се вакцинирале во Србија да се ревакцинираат во Македонија. Сепак, новите дози од вакцината АстраЗенека, кои вчера пристигнаа во Македонија преку Ковакс механизмот на ЕУ ќе бидат наменети за ревакцинација на граѓаните над 60 години коишто веќе ја примија првата доза на оваа вакцина, сите други ќе мора повторно да одат до Србија за да ја примат втората доза од вакцината.

„Во нашата земја со Астразенека може да се ревакцинираат сите граѓани над 60 години, кои оваа вакцина ја примиле во Србија. Граѓани помлади од 60 години вакцинирани со Астразенека во Србија нема да се ревакцинираат во нашата земја“, објаснуваат од Министерството за здравство.

Сите граѓани помлади од 60 години коишто во Србија се вакцинирале со вакцините на Спутник V, Синофарм или Фајзер ќе може да се ревакцинираат во Македонија со вакцини од истиот производител.

Досегашните препораки се вакцините да не се мешаат, односно вакцината и ревакцината да се дава од ист производител.