Граѓаните не веруваат во „метлата“ на Заев

Анкета спроведена од Истражувачкиот центар на „Макфакс“ со прашање:  „Кого ќе потфати метлата на Заев?“ покажува дека две третини од граѓаните не веруваат дека најавената чистка ќе погоди некого.

Дури 67,7 отсто од анкетираните одговориле „никого“, а 11,3 % рекле „министрите“.

Дека на удар ќе се најдат директори сметаат 11,1 отсто, а според 9,9 отсто од испитаниците, цел на премиерот Зоран Заев по претседателските избори ќе бидат  функционери во општинските организации на СДСМ, покажува анкетата на „Макфакс“.