Граѓаните на Косово ќе патуваат во ЕУ без виза од 2024-та

Амбасадорите на земјите-членки на Европската унија (ЕУ) денеска одобрија укинување на визниот режим за Косово најдоцна од 1 јануари 2024 година, јавува МИА.

Како што е најавено во Брисел, амбасадорите на земјите – членки на ЕУ денеска договорија преговарачки мандат за безвизен режим за граѓаните на Косово, врз основа на кој претседателот на ЕУ ќе ги започне преговорите со Европскиот парламент.

Денеска направивме важен чекор кон безвизно патување за Косово и се надеваме дека брзо ќе постигнеме договор со Европскиот парламент за да го претвориме ова ветување во реалност, се вели во соопштението на Советот на ЕУ.

„Либерализацијата на визниот режим беше овозможена со напорите на Косово да ја зајакне граничната контрола, управувањето со миграцијата и безбедноста и веруваме дека оваа добра соработка само ќе зајакне во иднина“, изјави чешкиот министер за надворешни работи Јан Липевски.

Според предлог-одлуката, на имателите на косовски пасоши им е дозволено да патуваат во ЕУ без виза во период од 90 дена во кој било период од 180 дена.