На Фејсбук страницата Наша Гази Баба за денеска беше најавувеен нов протест против преселба на Центарот за зависици од Кисела Вода, во една од просториите на некогашната фабрика, Металски Завод-Тито.

„Се собравме еднаш но на нив тоа не им значи ништо. Доставивме петиција но не ни одговорија.
Време е повторно да се собереме во што поголем број и заедно да кажеме СТОП!
Ве повикуваме да ни се приклучите на новиот протест што ќе се оддржи утре 05.06.2019 година (среда) со почеток во 16:30 часот.