Анкета на МКД.Мк, покажува дека постои незадоволство меѓу граѓаните од работењето на институциите во земјата.

Речиси 60 отсто од анкетираните одговориле негативно на прашањето дали Македонија се движи во позитивна или негативна насока.

Најголема одговорност за состојбата во земјата, испитаниците ја лоцираат во Владата и во капацитетот на владејачките партии (61,2%).

Најниски оценки за успешноста во работењето добија Владата (2,2) и судството (1,86).

Две третини од испитаниците (67%) сметаат дека Владата работи неуспешно, а 76% од испитаниците сметаат дека судството не работи успешно.