Граѓанинот Курти Куртиш реагира на објава на вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ кој по најновите проблеми на евроинтеграцијата преку платен линк на Фејсбук го фали проектот Отворен Балкан.

,,Иницијативата ,,Отворен Балкан” е прва иницијатива која руши бариери во регионот и после долго време идеја којашто доаѓа искрено од државите од Западен Балкан.


Тоа значи добра и интензивна соработка помеѓу држави од овој регион, коишто реално долго време не направиле нешто за намалување на бариерите, за олеснето движење на граѓаните, олеснет бизнис, или пак олеснето функционирање на економските оператори.

Останува повикот да се вклучат и останатите држави кои сметаат дека имаме што да правиме заедно, без притоа да се оптоваруваме со политички прашања, кои секако не се решаваат на таа маса, регионално, туку билатерално”, објави Маричиќ во платениот пост.

Граѓанинот Куртиш во коментарот заклучува дека во Македонија нема нормален политичар.

,,Господине Маричиќ, прашање до Вас, кажете дали го сменивме името за да влеземе во Европската унија, или го сменивме името за да јадеме лесковачки плескавици. Аман де немаше потреба од сета оваа хистерија за името. Сега ајде најдовте друго решение Отворен Балкан. Значи браќата Французи преку Русија, ви ја кројат капата со Отворен Балкан. Вака ако терате уште малку ќе измислите, ајде да отвориме месна заедница, тоа е спасот. Во оваа држава стварно нема нормален политичар !!!!!”, му коментира Куртиш на Маричиќ.

Според профилот на Куртиш се работи за реален човек а не за ,,бот”.

Сите коментари и постот на Маричиќ на овој линк

https://www.facebook.com/100063928230945/posts/403154475158824/