Граѓани: Паднал системот во ФЗОМ Скопје

Граѓани се жалат дека цели седум дена не работи компјутерскиот систем Фондот за здравствено осигурување каде неодамна се купуваа скапи службени возила за менаџментот.

Дел од граѓаните се обраќаат со барање за помош за медиумите а дел на социјалните мрежи апелираат да се реши проблемот со кој се соочуваат осигурениците.

“Фзом подрачна служба Скопје повеќе од 1 недела не работи, бидејќи им е паднат системот.
Една цела недела… Граѓаните ќе си трпат службите сите 4 у вис…
Директорот важно кола си купува.. Јота сам си плаќа за рехабилитација…
#ФЗОМ бруки…”, пишува осигуреничка на Фондот.

Познатиот хирург Јота пред десетина дена откри дека Фондот не му дал пари за опоравок и лекување во Словенија каде по неколку месечна голгота тој пак прободе.