Демонстранти излегоа на улиците на украинскиот град Мелитопол откако, според Министерството за надворешни работи на Украина, руските сили го киднапирале нивниот градоначалник Иван Федоров.

Снимките и фотографиите споделени на социјалните мрежи покажуваат стотици луѓе кои протестираат против киднапирањето.

Официјални лица соопштија дека руски војници го киднапирале градоначалникот Иван Федоров откако лажно го обвиниле за тероризам.

„Киднапирањето на градоначалникот на Мелитопол е класифицирано како воено злосторство според Женевските конвенции и Дополнителниот протокол, кои забрануваат земање цивилни заложници за време на војната“, се вели во соопштението на украинското Министерство за надворешни работи.

Украинскиот политички аналитичар Матија Нелес вчера објави снимка од надзорна камера на градскиот совет на која наводно се гледа како руски војници го киднапираат градоначалникот.