Грчкиот град Воден го отфрли барањето за вклучување на македонскиот јазик во јавните училишта преку курсеви на Интернет, објави „Грик сити тајмс“.
„Одлуката ја донесе Градскиот совет на Воден, кој едногласно го отфрли барањето на националистичка проскопска група, која повика за вклучување на т.н. македонски“, пишува порталот.
„Групата, позната како АМКЕ (Македонско движење за промоција на мајчиниот јазик – н.з.) ‘Крсте Мисирков’, неодамна ја достави својата провокативна петиција до грчкото Министерство за образование и верски прашања во Воден и повика на примена на клаузула од Договорот од Севр од 1923 година, кој предвидува ‘одредување објекти за предавање јазици различни од грчкиот во училиштата за јавно образование’“, се додава во информацијата.
„’Оваа програма е наменета за граѓаните на Воден, таа ќе биде пилот програма и ќе има ограничен број учесници и бесплатно ќе ја обезбеди АМКЕ ‘Крсте Мисирков’, кое ќе ги покрие трошоците за интернет-врската, за користењето на наставната платформа и на потребната опрема’, се вели во петицијата“, пишува „Грик сити тајмс“.