Денеска ќе биде распишан нов повик за вклучување на приватните автобуски превозници во јавниот превоз во главниот град, потврдија за МИА од Град Скопје.
Дел од приватните превозници на 1 март по средбата со градоначалничката Данела Арсовска објавија дека е постигнат договор и оти ќе се пријават на повикот.
На средбата биле договорени сите детали, од од исплатата на долгот на ЈСП од 1,5 милиони евра, до пуштањето на јавниот повик кој се очекува денеска.
Приватните превозници, кои имаат ново координативно тело за преговори, се надеваат дека ќе се вратат во сообраќај до 20-ти овој месец.
„На овој јавен повик, нема да можат да учествуваат „Слобода Превоз“ и „Макекспрес“ поради пречките кои произлегуваат од претходниот, сега раскинат договор кој предвидуваше забрана за учество на јавен повик доколку договорот се раскине пред истекот на истиот и по нивна вина“, се вели во соопштението од Град Скопје објавено на 1 март и кое може да се најде и на нивната веб-страница.
