Од кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска соопштија дека Град Скопје утре ќе објави јавен повик за избор на приватни превозници за линиите 20 и 22.
Во соопштението се вели дека Градот и ЈСП во последните шест месеци успеа да оспособи 130 автобуси од флотата на ЈСП со што бројката на градски автобуси се зголеми од 140 активни во овој период минатата година, на 270. Така, што за другите линии нема потреба од приватни автобуси бидејќи нив ги презема ЈСП „Скопје“ и со тоа граѓаните добиваат ,,поодобра, поевтина, сигурна и стандардизирана услуга”.
„Јавниот превоз го организираат органите на локалната самоуправа, а не приватни бизнисмени, политички партии или други интересни групи. Во случајов, организацијата на јавниот градски превоз е обврска на Град Скопје и ЈСП“, се вели во соопштението од кабинетот на градоначалничката Арсовска.
Во соопштението се истакнува дека јавниот повик не се однесува и на компаниите „Слобода Превоз„ и „Макекспрес“.
Град Скопје гораскина договорот со „Слобода превоз“
Имено, тие нема да можат да конкурираат една година од денот на раскинување на договорот поради прекршување на одредбите од договорот од нивна страна.
„Ги повикуваме сите приватни превозници да аплицираат на објавениот јавен повик, индивидуално или преку претставник на група на приватни превозници“, се вели во соопштението.
Стоилковски: Дали бугарска фирма ќе ги вози скопјани
Градоначелничката не кажува како ќе се реши проблемот со долгот од 1,5 милиони евра што ЈСП им го должи на приватните превозници и које причина на протестот и сообраќајната блокада на Скопје.
