Градоначалникот шверцер поднесе оставка

Боро Стојчев поднел писмена оставка, која ја адресирал до Советот на општина Ново  Село во која вели дека дава „неотпоиклива оставка од функцијата градоначалник од морални мричини“.

ОД СДСМ, преходно побараа да се повлече од функцијата.

Стојчев пред три месеци беше фатен и осуден за шверц на цигари на 18 месеци казна затвор, но Апелација Штип му ја намали казната на само 6 месеци, што му овозможуваше да се врети на функцијатанекаде пред Нова Година.

Тоа предизвика реакции во јавноста, особено откако струмичкото обвинителство обзнани дека Стојчев бил суден и во 2015 година, кога добил условна казна од 2 години затвор, доколку не стори ново кривично дело.

Обвинителството бара Стојчев да ја одлежи казната.