“Мислам дека е доволно да се каже дека пред 2017 година немало вакви големи злоупотреби. Тоа значи дека во последните четири години од тогашната локална власт беше дозволено да се злоупотребува струја според аргументот со кој излезе компанијата ЕВН и мислам дека е јасно каде е проблемот“, вели градоначалникот на општина Арачиново, Ридван Ибрахими.

Според него, не е коректно тоа што фокусот на злоупотреба на струјата е ставен само во Арачиново, бидејќи податоците покажуваат дека струја се злоупотребува во секоја општина. Тој порача дека не треба да има колективна казна за жителите на Арачиново.

Според Ибраими, минатото раководство на општината е одговорно за зголемената злоупотреба на електричната енергија во Арачиново, премесе Алсат.

ЕВН хоум соопшти дека поради големиот број диви приклучоци во Арачиново, постојано има прекини на електрична енергија. Според компанијата, овие приклучоци и нанеле голема финансиска штета на компанијата како и бројни проблеми со мрежата.