Градоначалникот на Штип: Сметките за струја се неиздржливи

Македонија е заробена држава од корупција и криминал, парите на граѓаните нетранспарентно се трошат во време на ваква криза најмалку е потребно реформа барем во владејачката структура, изјави Иван Јорданов градоначалник на Штип од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во 24 анализа на Телевизија 24.

За економска и енергетска криза тој посочи дека слаба е комуникацијата со Владата која во овие моменти според Јорданов треба да биде многу честа и потреба е координација помеѓу сите градоначалници и претставници од општините со владини претставници.

„Веќе ќе почне да доспеваат сметките за струја во сите институции, вклучувајќи ги и јавните претпријатија и има општини каде, ако не се донесе побрзо одлука, веќе се со блокирани сметки, имаат долгови кои ги враќаат, а се од периодот кога немало енергетска криза.

Ние враќаме кредити од минатото и имале доспеано и зголемено неколку кратко трошоци. Институциите треба да влезат под регулиран пазар за да имаат предвидлив трошок.

Колку и да штедиме, имавме состојба кога сметката за струја беше 19 милиони денари, а приходот од наплата на вода и ѓубрарина е 17 милиони.

Ќе дојде денот кога луѓето ќе останат на улица, ќе ни се случат социјални немири“, вели Јорданов.