„Денес, потпишав 100 решенија за легализации и лично заедно со мојот тим ги доставивме на граѓаните кои со месеци чекаа остварување на своето граѓанско право. Кисела Вода мора да биде општина од 21.век, општина во која секој ќе биде еднаков“ објави на Фејсбук новиот градоначалник на оваа општина Орце Ѓорѓиевски.

Вели дека граѓаните на Кисела повеќе не смеат да бидат жртви на неажурноста на општинската администрација и најави дека во иднина секој поднесен документ ќе биде процесиран во најбрз можен законски рок, а администрацијата ќе биде вистински сервис на граѓаните.