Градоначалникот на Гази Баба во болница поради Ковид-19

Градоначалникот на Гази Баба, Борче Георгиевски е позитивен на коронавирус.

Како што се дознава, тој е хоспитализиран на Инфективна клиника, откако му биле направени сите прегледи, поради наодот од рентгенот на белите дробови.

Не е познато дали негови соработници од администрацијата во Општина Гази Баба ќе мора да одат во самоизолација.