Градоначалникот на Чаир бил во МНТ на покана на „шверцерите“

„ На прославата на јубилејот на навивачката група во МНТ бев на покана на „Шверцерите“. Ме поканија како гостин на јубилејот за да ми врачат плакета како поранешен долгогодишен тренер и директор на фудбалскиот клуб „Шкупи“, изјави за градоначќалникот на Чаир, Висар Ганиу“ за Плусинфо.

Тој вели дека претходно во МНТ бил гостин на прославата на Денот на албанската азбука организирана од владата.

„Кога заврши првата прослава, заедно со ексградоначалникот на Чаир Изет Меџити прашавме каде ќе се одржи јубилејот на „Шверцерите“ и нѐ информираа дека ќе биде во истата сала.

Искрено се зачудив и се изненадив“, вели Ганиу.