Градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ почнуваат војна со ѓубрето и опасноста од зарази предизвикани од администрацијата на Арсовска

Градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ од пет скопски општини вечерва почнуваат војна со ѓубрето и опасноста од зарази предизвикани од администрацијата на Данела Арсовска.

Откако Скопје се претвори во депонија како резултат на состојбите во Комунална Хигиена која ја води Косана Мазнева, кадар на Арсовска, татковците на пет скопски општини почнуваат акција за чистење на сметот.

,,Неажурноста и неспособноста на градските власти и Данела Арсовска резултираа со купишта ѓубре по улиците низ Скопје.

Главниот град со денови тоне во смет, а градската власта само се расправа со вработените, додека ѓубрето шири неподнослива миризба низ урбаните средини.

Граѓаните се оставени на пеколни температури да ја трпат миризбата, и да бидат изложени на потенцијални зарази, затоа што градските власти не можат да го соберат ѓубрето од улиците.

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ на општините во состав на град Скопје, гледајќи ја неспособноста на градските власти и Арсовска вечерва се самоорганизираат и градоначалниците Тимчо Муцунски на Аеродром, Орце Ѓорѓиевски на Кисела Вода, Бобан Стефковски на Гази Баба, Александар Стојкоски на Ѓорче Петров и Дарко Костовски на Бутел ќе бидат на терен со општинските служби во чистење на Скопје од ѓубрето во кое тоне градот заради Арсовска и неспосбните градски власти.

Со цел брзо и ефикасно чистење побарана е помош од повеќе општини од внатрешноста на државата, управувани од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, кои ќе испратат возила за собирање на ѓубре.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи скопјани да трпат заради нечија неспособност”, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.