Земјава може да се пофали со најквалитетна градба во опкружувањето, подобра од Бугарија, Грција, Албанија, велат од Институтот за сеизмологија и Градежната комора при Сојузот на стопански комори.
Сите објекти се според пропишаните стандарди за армирано-бетонски конструкции и може да издржат земјотрес со интензитет од девет степени или со магнитуда 6,5 до 7 според Рихтер,
Директорот на Институтот, Влатко Шешов и претседателот на Градежната комора, Ивица Јаќимовски, велат дека освен новите, квалитетни се и постарите објекти, но мора да се води многу сметка и да се пристапи сериозно при нивното евентуално доградување или надоградување.
Според Шешов и Јаќимовски, тоа што се случи во Албанија, не е возможно да се случи кај нас.
Земјотресите во 2016 година, од кои еден беше доволно силен, потврдија, вели Шешов.
Извор: Фокус