Град Скопје по обвинувањата од АА: Прво погледнете ги вашите кадри

По обвинувањата од Алијанса на Албанците дека Данела направи хаос во образованието, се огласија и од Град Скопје.

„Пред да се дрзнат со изнесување на лаги и манипулации насочени кон Град Скопје, апелираме Алијанса за Албанците прво да погледнат кон своите кадри и да побараат реакција од надлежните државни органи да превземат соодветни мерки за незаконското постапување на градоначалникот на општина Гостивар, а потоа да коментираат за други.

Градот Скопје апелира до сите надлежни државни институции да направат ревизија на поставените раководни кадри во седум училишта во општина Гостивар, кои на целосно незаконски, нелегитимен и нетранспарентен начин без поседување уверение за директор се поставени и тоа во СОМУ Гостивар, ООМУ Енвер Стафаи, СЕОУ Гостивар, ОУ Гоце Делчев, ОУД Бранко Станоевиќ и ОУ Прпарими, пренесеува ТВ21.

„Жалиме – се вцели во реакцијата од град Скопје – што Алијанса за Албанците, на кои не им успеваат притисоците врз градската администрација да постават нивни кадри по партиски клуч, мораат да посегнат по вакви лаги и манипулации.

Кадрите на Таравари се раководни лица во институцијата која ги контролира сите наводи, прави по нарачка селективни напади и политички се пресметува со неистомислениците и оние врз кои не може да влијае, а не помислуваат да покренат постапка за општина Гостивар каде градоначалник е токму Арбен Таравари, за што ќе бидеме должни пред јавноста да ги изнесеме сите наводи и да побараме покренување на соодветна одговорност од институциите особено за противзаконското работење за горенаведените лица“, велат од Град Скопје.