Договорот на Град Скопје со здружението на приватни превозници „Слобода Превоз“ денеска е раскинат, јавува „Слободен печат“.
Како причина се наведува дека Здружението „Слобода превоз“ не превезува патници.
Приватните превозници утре ќе ја блокираат „Илинденска
„…За жал „Слобода Превоз“ повеќе од два дена во континуитет не ја извршуваше оваа договорна обврска со што поради непочитување на договорот истиот е раскинат“
Од Градот ги повикуваат приватните превозници да склучат поединечни директни договори.
„Ги повикуваме сите приватни превозници да се јават на јавниот повик кој ќе биде објавен во текот на следната недела.
Сметаме дека со овој модел, склучување на директни договори за јавен градски превоз со индивидуални превозници ќе придонесе за поголема транспарентност на процесот и полесно разрешување на потенцијални проблеми“, стои во објавата од Град Скопје.
Од Градот тврдат дека градскиот јавен превоз функционира непрекинато, а ЈСП Скопје во овој момент има доволно капацитети да ги задоволи потребите на скопјани.
Апелираме до „Слобода Превоз“ да ја ревидираат одлуката за блокирање на главниот град, бидејќи на тој начин нема да постигнат разрешување на проблемот, напротив, на овој начин проблемот се продлабочува, апелираа од Град Скопје.
Координативното тело на приватните превозници донесе одлука на кој начин ќе го оддржи утрешниот протест.
Приватните превозници од „Макекспрес“ и „Слобода превоз“ веќе подолго не возат и бараат градот да им исплати долг од 1,5 милиони евра…
