Малку е веројатно Владимир Путин да се откаже од специјалната воена операција, која ја гледа како одговор на понижувањето што им го нанесе Западот за време на Студената војна, изјави поранешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ одговорајќи на прашањето за тоа како таа ја гледа иднината на руската војна во Украина.

Таа смета дека Путин повеќе би сакал да умре отколку да го признае поразот.

„Не е точно дека санкциите немаат ефект, тие имаат. Но Путин е личност која никогаш не би го признала поразот. Тој повеќе би сакал да умре“ – рече таа.

Бидејќи Украина нема да отстапи ни педа од својата суверена територија, а Путин нема да се повлече, Грабар-Китаровиќ смета дека борбите ќе продолжат.

„Најдоброто за кое можеме да се надеваме сега е некаков вид примирје, но прекинот на огнот нема да го спречи Путин да се обиде да ја постигне својата крајна амбиција да ја преземе цела Украина, заклучи екс-претседателот на Хрватска, пренесе Индекс.хр.