Готовите лични карти и возачки ќе стигаат на домашна адреса

За да се олесни и забрза процесот на промена на личните документи, ммвр почна со пилот проектот на територијата на Скопје за доставување на готови лични карти и возачки дозволи на домашна адреса, преку полициските станици.
Готови документи и денеска ќе можат да се подигаат на шалтерите за издавање на готови документи во објектите во Беко и МРТВ, од 8 до 16 часот.