Гори Кабул – нема пожарникари, само талибанци (ВИДЕО)

Пожар избувнал во близина на Зоолошката градина во Кабул, Авганистан, а наместо пожарникари на местото пристигнале талибанците, пренесува МИА.

Сѐ уште не е познато колку е проширен пожарот и како тие ќе се справат со пламените јазици, но според видеата на социјалните мрежи пожарот веројатно избувнал во магацин за дрва и градежни материјали.

Корисник на социјалните мрежи посочи дека постои опасност од целосно уништување на многу згради.