Од јануари 2019 година во областа на Амазонија се забележани дури 78.383 пожари, што е рекорден број од 2013 година откако за тоа се води евиденција. Но најстрашно е што стотици нови пожари продолжуваат да ја пустошат амазонската прашума без надеж нешто да се преземе.
Амазонската шрашума е извор на околу 20 % од кислородот што ссе создава на земјата, така што нејзиното уништување може дас има несогледини последици по животот на планетата.
Судбината на најголемата тропска шума на планетата, која веќе со денови ја проголтуваат пламени е во фокусот на самитот Г7, што се одржува во францускиот Бијариц, а меѓународниот притисок врз бразилскиот претседател Жаир Болсонаро да ги спречи пожарите во „белите дробови на светот”, е се посилен.
Експертите велат дека уништувањето на шумите е забрзано со расчистувањето на земјиштето во текот на повеќемесечната сушна сезона за да се направат услови за земјоделски култури или пасишта.
Повеќе од половина од пожарите горат низ Амазон, а според Националниот институт за истражување на вселената (ИНПЕ) меѓу четврток и петок избувнале нови 1663.
Пожарите предизвикаа бес на глобално ниво, при што во петокот во Бразил и Европа протестираа илјадници повикувајќи „Спасете ја Амазонија“.
Претходно оваа недела, бразилскиот Болсонаро за пожарите ги обвини невладините организации, сугерирајќи дека тие намерно ги започнале откако им било скратено финансирањето.