Цел свет се израдува за гигантскиот триумф на Македонија над четирикратниот светски првак во фудбал Германија во Дуизбург, но тешко дека некој може да се спореди со еуфоријата што го зафати и што низ микрофонот ја пренесе мексиканскиот коментатор од ТУДН.

А срцата на Македонците посебно ги топи изоставувањето на она „del Norte“ од шпанската верзија на новото, наметнато државно име наспроти волјата на македонскиот народ.