Google.com го избришал македонскиот јазик, како опција го дава бугарскиот (ФОТО)

Најмоќната интернет компанија на светот на својот сервис google.com веќе не ја дава опцијата да го користите македонскиот јазик.

Корисници на gmail.com откриваат дека македонскиот јазик е избришан од листата на јазици на кои може да се добијат услуги и дека страната за пристапување автоматски се преведува на бугарски јазик.


Според корисници дури и ако селектирате англиски јазик и притиснете на Sign In или се обидете да креирате електронска пошта страницата ќе ја добијат на бугарски јазик.

Според други корисници оваа ситуација не е нова и се случила пред потпишувањето на преспанскиот договор а некои откриваат дека македонскиот јазик може да се користи ако се користи сервисот google.mk.