Поранешниот репрезентативен голман на Македонија во последниот период не тренираше поради проблеми со коленото, а откако му се појавија симптоми беше тестиран и доби позитивен тест на ковид-19. 

Тинекс Пролет најави дека ќе постапи според препораките и веднаш го прекина тренажниот процес, а од понеделник ќе биде одржано тестирање на сите членови на тимот, дознава Гол.мк.