Мекензи Мекдоналд од САД го победи и елиминираше првиот носител и големиот фаворит Рафаел Надал и го елиминираше од турнирот Австралија опен.

Шпанецот со пораз од 3-0 е исфрлен од натпреварувањето.

Надал на крајот од вториот сет имаше проблеми со повреда, и побара медицински тајм-аут.

И покрај повредата, Надал не се предаваше и го одигра целиот натпревар. На крајот по сетови беше 6:4, 6:4, 7:5 за нешто помалку од два часа тенис на „Род Лејвер“ Арената.

Следниот противник на Мекдоналд, кој ја оствари победата на кариерата, ќе биде подобриот од дуелот Јошихито Нишиоки и Далибор Сврчина.(Екипа)