Едно лице загина во голема верижна несреќа на мост во градот Женгжу, Кина, јавија кинеските медиуми.

Тешката сообраќајна несреќа се случила во 7.40 часот по локално време на мостот на реката Женгсин. Се судрија околу 400 автомобили.

Причина за несреќата е ограничена видливост поради густата магла.