Голема ЕУ членка со резолуција ќе го потврди македонскиот јазик, вели Ковачевски

„Голема, можеби и најголемата европска држава, во наредниот период ќе донесе резолуција со која го потврдува македонскиот јазик, култура, идентитет како дел од идентитетот на ЕУ, изјави синоќа премиерот Димитар Ковачевски во емисијата „360 степени“ на телевизија Алсат.

„Заштитата и потврдата на македонскиот јазик, на македонскиот идентитет е потврден и со договорот Фронтекс, преку сите јавни изјави, целиот скрининг процес се одвива на македонски јазик и се преведува на македонски јазик.


Имаме потврда од Европскиот совет, имаме веќе подготовка на потврди од најголемите земји членки на ЕУ, имаме поддршка од сите стратешки партнери, јасно искажана, вклучително и САД, дека сега е моментот за продолжување на европскиот пат на државата, со оглед на геополитичкиот момент во Европа и светот“ вели Ковачевски.