Косовските Срби денеска, на 13-ти ден откако поставија барикади на север, организираа масовен протест и побараа од Приштина ослободување на тројцата уапсени сонародници, на кои ги поддржа српскиот претседател Александар Вучиќ.

На едночасовниот протест се собраа Србите од цело Косово со порака дека „никој не може да им го одземе Косово и Метохија бидејќи тоа е срцето на Србија“, објавија белградски и локалните медиуми.

Собрани да протестираат „поради однесувањето на властите во Приштина“ и „да бараат правда за уапсените сонародници“, Србите развиорија државно знаме долго 250 метри, носејќи бројни транспаренти.

Вучиќ, во пресрет на протестот изјави дека секогаш ќе ги поддржува и ги повика „да го чуваат мирот бидејќи мирот е најголем интерес на Србите и Србија“. Тој оцени дека денешниот собир е „голем, народен и демократски протест“ на сите Срби од Косово.

Протестот доаѓа во време на нов бран на тензии по одбивањето на Србите, поддржани од официјален Белград, да ја прифатат одлуката на Приштина да ги пререгистрира регистарските таблички издадени во Србија и да ги замени со косовски, како и апсењето на тројца сонародници. кого приштинските власти го обвинуваат за нарушување на уставниот поредок.