Годишнина од утврдувањето на македонската азбука и правопис

Денеска навршија 76 години откога со решение на Народната влада на Федерална Македонија се утврдени азбуката и правописот на македонскиот јазик, на предлог од Комисијата за јазик и правопис при Министерството на просветата.

Прогласот бил објавен два дена подоцна во весникот „Нова Македонија“, кој во тоа време се користел за објавување и на владини акти, а Службениот весник е основан подоцна.

Македонската азбука оттогаш до денес има 31 буква.