Премиерот вели дека Македонија е решена да ја постигне целта од два отсто од бруто-домашниот производ (БДП) за одбраната, како што се бара од сите земји членки на Алијансата.
„Во 2018 го зголемивме буџетот на нашите одбранбени сили за 14 проценти и остануваме посветени да ја оствариме нашата цел и најдоцна до 2024 да обезбедиме два процента од нашиот БДП да одат за современи армиски сили, кои во секој поглед ќе бидат рамноправни со своите сојузници, изјави денеска премиерот Зоран Заев по средбата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Зголемувањето на буџетот за воените сили е една од обврските што ги преземаа сите земји членки на Алијансата уште во 2014 година, заложба што ја потврдија на минатогодишниот Самит на НАТО во Брисел.
Ова, рече премиерот, ќе значи и зголемено учество во воените мисии на Алијансата, истакна премиерот.
-Оваа наша цел ќе ни помогне да го зголемиме нашето учество во мисиите предводени од НАТО, како и нашата партиципација во командните и политичките структури на Алијансата. изјави Заев, каѝко што пренесе МИА.