За празникот Водици-Богојавление нема да се осветуваат водите на Охридското Езеро, ниту пак ќе се одржи Манифестацијата скокање по Светиот крст.

Од Дебарско-кичевската епархија информираат дека нема да има ниту литии од црквите кон пристаништето, ниту богослужба на отворено.

Верскиот празник ќе биде одбележан во црквите и во храмовите со утрински богослужби и осветување вода, јавува Фактор.