Во документ што македонската влада го добила на 12 Април постојаната мисија на Макеоднија во НАТО информира дека согласно новите правила на Алијансата земјава во своите документи ќе се именува со поинаква кратенка од таа договорена со Преспанскиот договор ?

НАТО ги известил македонските институции дека официјално наместо MKD, во иднина ќе ја користат кратенката NM за Македонија која доаѓа од North Macedonia.

Документот на НАТО кој е добиен пред осум дена досега не е јавно оспоруван од владата на СДСМ и ДУИ пред Алијансата во Брисел.

Во јавноста засега нема информации дека владата и министерството за одбрана се обиделе да го сменат ставот на НАТО.

Според Преспанскиот договор и гаранциите што ги даваше владината коалиција на СДСМ и ДУИ земјава во меѓународни организации треба да се именува како МКД или МК.