Претседателот на Националниот совет на Албанците, Рагми Мустафа, соопшти дека поднел тужба против српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, бидејќи го користи „вулгарниот и навредлив термин Шиптар“.
Мустафа на ова гледа како на „институционализација на говорот на омраза против Албанците“ и ширењето на фобија кон Албанците во Србија.
Порталот „Прешева Јоне, објави фотографија од тужбата која била поднесена на 25 јуни до Суд во Белград.
Мустафа велидека во демократска држава, министер кој јавно ги навредува малцинствата треба да биде отстранењт, но само во Србија се слави.
„Како што беше случај во Германија во 1939 година. За среќа, Србија не е Германија во 1939 година, а Вулин не е Вилхелм Кејтел”, рече Мустафа.