„Не можете по магарето, удрете по самарот“, изјавил денеска Миле Јанакиески во судница, каде од притвор е донесен за судењето за уривање на „Космос“ на Фијат Цаноски, јавува досие.мк.
Јанакиевски не бил прецизен на кого се однесува зборот магаре, но со оглед на отсуството на Никола Груевски, кој исто така е обвинет во предметот, а кој е во Унгарија, не е исклучено дека зборувал за поранешниот шеф на Владата.
За Груевски денеска на судењето се појавиле четворица адвокати.
Обвинителот од СЈО на судењето побарал судот да му одреди мерка притвор на Груевски за овој предмет именуван како ТНТ, бидејќи пратеникот е недостапен и предложи и да му се суди во отсуство.
Одбраната го оспорила барањето со образложение дека Груевски е оправдано отсутен, не може да дојде на ова рочиште, бидејќи ја напуштил Македонија за да бара азил, објави досие.мк.