„Како и минатата година, така и оваа, не добив покана за учество на „Преспа форумот“, иако самото формирање на форумот, се разбира, беше инспирирано од Преспанскиот договор.

Тоа говори на кое дереџе е демократскиот капацитет на Владата и на актуелното раководство на Министерството за надворешни работи, чии повици за национално единство за големите прашања очигледно се празни зборови, и ме потсетува на цитатот на Индира Ганди: ‘Дедо ми еднаш ми кажа дека има две врсти луѓе – оние кои ја завршуваат работата и тие кои се китат со перјата“.

Ова го вели екс-министерот за надворешни Никола Димитров во изјава за Дојче веле.

Димитров вели дека пријателите од странство кои доаѓаат на форумот и барале средби со него.

„За да не го ни дознаат срамот, мојот ‘изговор’ кон нив годинава е дека деновиве ќе бидам во Белград, што е точно, бидејќи ја прифатив поканата од Фондацијата Корбер од Германија за учество на Округла маса во соседна Србија, што делумно се преклопува со деновите на одржување на Преспа форумот“, вели Димитров.