Како тенденциозни и крајно шпекулативни ги оценуваме сите тврдења и обвинувања за наводно политичко влијание или било каква форма на нерегуларност во изборот на компанија за реконструкција на салата „Борис Трајковски“ – реагираат од Министерството за надворешни работи.

Фирма од Желино ќе го преадаптира СП „Борис Трајковски“ за конференција на ОБСЕ

МНР, во интерес на транспарентноста, како што велат, ги споделува понудите од четирите понудувачи на јавната набавка за реконструкција и надградба на Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ за потребите на конференцијата на ОБСЕ.

„Уште еднаш потенцираме дека станува збор за најголемиот меѓународен политички настан кој ќе се одржува во Скопје на кој ќе присуствуваат околу 70 министри за надворешни работи од регионот на ОБСЕ и повеќе од 1000 гости. Како што информиравме, заради економично и ефикасно алоцирање на буџетот, условот за избор на најповолен понудувач беше најниска цена по прецизно дефинирани работи и ниво на квалитет на изведба – посочуваат од МНР.

Од четирите понудувачи, избраната компанија според МНР, имала далеку најконкурентна понудена цена согласно очекуваните количини предвидени во техничката спецификација, односно:

Еуровиа – 93.746.070 ден. (избран понудувач)

Второрангирана – 120.668.981 ден.

Треторангирана – 134.015.461 ден.