Активистката Ана Глигорова на својот Фејсбук профил коментира околу намалувањето на каматите и активностите на екс премиерот Никола Груевски, пишува Фактор
„Никола Груевски, за кој и неговите вазали денеска зборуваат дека бил авторитарен, тиранин, итн успеа да седне со банкарите, сите големи претпријатја и да отпише долгови на голем број луѓе.
Замислете, банкарски долгови!
Никој до сега во историјата на Македонија не успеал да им се спротивстави на банките освен него.
Овие плетат чорапи, ќе намалувале камата.“ напиша Глигорова на Фејсбук.
