Бизнисменот Венко Глигоров во коментар со наслов ,,И ХАРВАРД ГО ИЗОНАДИВМЕ” го анализира владеењето на премиерот Ковачевски, СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците.
Глигоров не може да најде никаква логика во тоа што го прави Ковачевски и неговата влада и иронично прашува дали премиерот на Харвард учел на ,,балкански смер”.
,,Луѓето се исселуваат✈️🌏, а администрацијата се зголемува. 👨👩👦 👨👩👦 👨👩👦 Платите на функционерите енормно пораснаа. 💰💰💰
Бизнис логика?⁉️ Нема. ❌ Економска оправданост?⁉️ Нема. ❌
Балкански смер од Харвард ли учел нашиот Прв човек во влада? 😳🤔😢”, пишува Глигоров кој искажува љубов кон Македонија –
♥️МК.
Премиерот Ковачевски во својата биографија пишува дека се школувал на престижниот американски универзитет Харвард но вистината е дека тој таму никогаш не бил дел од додипломски, магистерски или докторски студии туку присуствувал на краток курс платен од компанијата во која работел.