Штипското здружение „Гласен текстилец“, реагира по вчерашната најава на премиерот Зоран Заев дека од 1 октомври недела ќе стане неработен ден.

„Ова што сега се продава и од страна на ССМ како социјален партнер, сметам дека е само продавање на магла . Недела не е неработен ден, ќе биде работен и тоа за многу дејности.

Дополнително нема автентично толкување кои се тие помошно-придружни дејности, може да произлезат уште 100 од нив. Ова всушност ќе биде легално прекршување на работничките права во име на профитот“, вели Кристина Ампева од Здружението „Гласен текстилец“

Од „Гласен текстилец“ велат дека понудениот закон во ваква форма не нуди никаква заштита на работниците и посочуваат дека во приватниот сектор нема евиденција за работно време и голем дел од работодавачите не ја исплаќаат прекувременета работа и работата за празници.

Тие најавија оспоруивање на законот.