Жителите на народните републики Доњецк и Луганск, како и на териториите на регионите Херсон и Запорожје во Украина од денеска до 27 септември на референдум ќе гласаат за приклучување кон Русија.
Датумите за референдум беа одредени во вторник, при што локалните парламенти едногласно ги усвоија законите за референдум.
Во вторникот, жителите на регионите Запорожје и Херсон се приклучија на иницијативата, бидејќи локалните проруски јавни организации поднесоа слични барања до нивните власти.
Поради временски ограничувања и технички проблеми, донесена е одлука да се користат традиционални хартиени гласачки ливчиња и да не се спроведува дигитално гласање.
Личното гласање ќе се одвива исклучиво на 27 септември, додека во другите денови ќе се гласа од заедниците и од врата до врата од безбедносни причини, соопшти ТАС С.
Жителите на самопрогласените ДНР и ЛНР ќе се изјаснат дали „го поддржуваат пристапувањето на нивните републики во Русија како федерален субјект“.
Жителите на Запорожје и Керсон ќе бидат прашани дали се за „одвојување на регионот од Украина, создавање независна држава и последователно приклучување кон Русија како федерален субјект“.
„Сојузниците на НАТО нема да ја признаат нивната нелегална и нелегитимна анексија. Овие територии се Украина“, се вели во соопштението од Алијансата.
